Уцениците на СОСУ “Св. Кирил и Методиј” и гимназијата “Св. Климент Охридски”во соработка со познатиот охридски диџеј Фејс (Dj Face), во ноќниот клуб Ребел организираа хуманитарна забава за нашата сограѓанка Бојана на која и е потребна парична помош за лекување.

На хуманитарната забава собрани се вкупно 194.000 денари.

Собраните средства се уплатени на сметка на Бојана на која и е неопходна помош во борбата со тешката болест.

Заедницата во Охрид изминатиот период се мобилизира и преку бројни настани покажа исклучителна хуманост и солидарност во поддршката на нашата сограѓанка Бојана.

Г.М.