На репертоарот на охридскиот театар, вечерва, повторно е претставата „Аналфабет” – комедија според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Почеток: 20.00 часот.

Картите за претставата се распродадени, информираат од Народниот театар Охрид.

OhridNews