Ракометарите на Охрид извојуваа сигурна победа над Еурофарм Пелистер 2 во рамки на 8 коло од плеј-офот во ракометната Супер лига. Вечерва во салата „Билјанини извори“, ГРК Охрид – РК Еурофарм Пелистер 2 26:21, полувреме 12:10.

Првото полувреме беше речиси израмнето. Екипите се менуваа во водство во повеќе наврати, се до финишот на првиот дел, кога Охрид стигна до +2, предност со која се отиде на пауза.

Во вториот дел „гладијаторите“ ја заиграа препознатливата цврста одбрана. Пелистер тешко го наоѓаше патот до голот на расположениот Миленковиќ, предноста на Охрид се зголемуваше. Во еден момент таа изнесуваше +8 (22:14). Домаќинот рутински го приведе мечот до крај, а Пелистер успеа да го намали поразот, втор од Охрид во разигрувањето.

Статистика:

ГРК Охрид: Миленковиќ, Речкоски,Цејовиќ, Рустамов, Дрогришки 1, К. Андоновски 1, Д. Андоновски 3, Василевски, Ристески, Тасески, Вјештица,Шешиќ 3, Каракоќ 1, Бојаниќ 5, Цирар 12.

7м 7:6
Исклучувања: 0

Еурофарм Пелистер 2: Ангелоски, Бошњак, Ристевски 3, Јовановски, Димовски, Печурица, Димитровски 3, Талевски, М Ивановски 4, Буторац 1, Белистојановски 2, Ристевски, Мијушковиќ 4, Блажевски 2, Петровиќ 2.

7м. 3:1
Исклучувања 8м.

За Охрид ова е втора победа во низа во плеј-офот, што дополнително ќе придонесе за кревање на самодовербата на екипата, дотолку повеќе што повторно се отвараат шанси за пласман во горниот дел на табелата. Со овие три бода Охрид ги прескокна Бутел и Е. Пелистер 2 и со 9 бода се искачи на 5 место.

ГРК Охрид и втор пат го совлада Еурофарм Пелистер 2 во плеј-офот

Во следното коло Охрид му гостува на Вардар, по што го пречекува Тиквеш во, можеби клучниот меч сезонава.

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски