Гранка од дрво од видот „Павловнија“ падна врз паркиран автомобил во центарот на Охрид. Инцидентот се случил попладнево на паркингот кај Универзитетот за информатички технологии. За среќа повредени нема, но е причинета материјална штета.
На местото на настанот извршен е увид од страна на Комисијата за отстранување на опасни дрвја при Општина Охрид. Оттаму информираат дека дрвото од кое падна гранка било предмет на увид во месец април оваа година на барање на Универзитетот, по што било издадено решение за сечење на истото, поради опасност од паѓање, по кое не било постапено.
Вакво дрво, со голема старост, има и во кругот на катедралата Св. Софија. Жителите од овој дел на градот предупредуваат на опасноста од кршење на тешките гранки од старото дрво и бараат од надлежните превентивно да делуваат со цел да се спречат несакани последици.
OhridNews
фото:Емилио