Охриѓани го освоија првиот бод во Супер лигата ремизирајќи против Прилеп на гости 22-22 (12-10) во премиерниот натпревар од новата сезона.

Бодот од гостувањето во Прилеп го осигура десното крило Петар Николиќ кој погоди во последниот напад од натпреварот.

Најзаслужен за ремито е суперзасилувањето на голот Кирил Колев кој брилираше меѓу стативите.

Во втората рунда избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски пред своите гледачи ќе ги одмерат силите со Преспа.

Р.К. Охрид : Пецаков, Колев, Костески, Вешоски 5, Андоновски 2, Б. Белевски, Николиќ 5, Трифуноски, Тасески, Поп-Стефанија 1, Соколов 1, Трајчески 3, В. Белевски 1, Печенковски 3.

Мх.П.