Во пожарот што избувна утрово во Националниот парк Галичица над месноста Бејбунар, во близина на населбата Бараки, зафатена е нискостеблеста шума, во главно смрека, како и трева.

Густиот чад кој се издига од планината се забележува од центарот на Охрид.

На местото на настанот упатени се екипи на Професионалната противпожарна единица од Охрид и Националниот парк „Галичица“. Како што дознаваме, пожарот е ставен под контрола.

Неофицијално причина за пожарот е човечки фактор.

OhridNews