Големо невреме проследено со пороен дожд, ветер и и грмотевици доцна попладнево ги зафати Пелагонија и Полог. Прилеп и Тетово се под вода, а во невремето има и жртви.
Според последните информации во Тетово, каде се излеа реката Пена, а на повеќе места има појава на свлечишта, животот го загубиле пет лица, од кои две се деца. Во Клиничкиот центар во Тетово биле хоспитализирани тринаесет повредени. Најкритична состојбата е во Мала Речица, Шипковица и Доброште.
На терен се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување кои со механизација ги санираат последиците од невремето, а надлежните упатија апел до граѓаните да се водржат од непотребно излегување од своите домови додека не се нормализира состојбата.
АМСМ информира дека од 18,00 часот поради обилни врнежи во с.Доброште, тетовско, дошло до излевање на реката, по што регионалниот пат Тетово-Јажинце и обратно е во прекин, како и поради свлечишта и камења на патот, патниот правец Тетово-Попова Шапка е во прекин. Поради надојдена вода на Вратничка река, паднал и целосно е оштетена мостот кој сообраќајно ги поврзува селата г.Орашје и Нераште.
OhridNews
фото:„Телма“