Охридскиот суперлигаш остана без средниот бек Борче Соколов кој потпиша договор со македонскиот вицешампионот Зомимак.
Соколов кој токму од Зомимак го засили охридскиот клуб се врати на местото каде ги имаше најдобрите моменти во ракометната кариера.
Зомимак покрај корпулетниот ракометар го официјализираа трансферот и на Славиша Димитријески кој во Струмица доаѓа од Тинекс Пролет.
До сега договорот со Охрид го продолжија шест играчи, со старите се водат преговори, а клубот се уште нема обезбедено некое ново засилување.
Мх.П.