Охридските ракометари забележааа нова победа во регуларниот дел од Супер лигата, откако со 33-27 (18-12) ја совладаа екипата на Прилеп.
Со триумфот во Прилеп ракометарите на Охрид го одбранија тронот и честа, бидејќи овој меч не беше од резултатско значење.
„Гладијаторите“ дилемите околу победникот ги решија во првиот дел кој го добија со плус шест (18-12). Предноста од полувремето охриѓани ја задржаа до крајот и заслужено ги освоија бодовите.
Со 11 голови во охридскиот состав најпрецизен беше капитенот Крсте Андоновски, два помалку реализираше Бобан Блажески, додека Лазар Адамовиќ и Марко Кобетиќ постигнаа по пет.
Охрид, Пелистер и Еурофарм Работник кој славеше над Радовиш 36-25 се учесници во плејофот, а четвртиот патник ќе се знае по одигрувањето на последните две рунди од регуларниот дел во Супер лигата.
OhridNews