Охридските ракометари ставија точка на серијата без победи во Супер лигата откако во Ресен против Преспа во 11-та рунда триумфираа со 32-24 (14-12).
По пауза од подолго време избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски одиграа одличен натпревар во нападот што им овозможи триумф вкупно петти во Супер лигата сезонава.
Охриѓани во текот на целиот натпревар го контролираа резултат и не им дозволија на домашните ракометари надеж за поволен резултат.
Со оваа победа „гладијаторите“ ги оставија во живот амбициите за пласман на позициите кои водат во плејоф мечевите.
Во 12-та рунда ракометарите на Охрид го пречекуваат водечкиот тим во Супер лигата, Зомимак.
Р.К. Охрид : Пецаков, Колев, Костески, Андоновски 5, Б. Белевски 2, Николиќ 1, Трифуноски 4, Тасески 4, Поп-Стефанија, Трајчески, Соколов 7, Вешоски 2, Печенковски 7, В. Белевски.
Мх.П.