Генерал-мајор Методија Величковски е нов началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, потврдиле за „Алсат-М“ извори од Кабинетот на претседателот Иванов. Тој денеска во Охрид го потпишал указот за назначување на Величковски, откако претходно од должноста беше разрешен генерал Горанчо Котевски.

Инаку, како што Алсат-М повеќепати информираше, фаворит на шефот на државата за челната функција во армијата беше неговиот доскорешен аѓутант, Васко Ѓурчиновски, но поради судирот со владејачката партија која застана зад генералот Димче Петровски, новиот началник на Генералштабот е компромисно решение.

„Алсат-М“ дознава дека Ѓурчиновски како „утеха“ ќе добие унапредување, а Петровски е планиран за ректор на новиот Државен универзитет за одбрана.

OhridNews

Извор: „Алсат М“