Првичните неофицијални информации по оружениот инцидент денеска попладне во кафуле во кумановската населба Бедиње, говорат дека во нападот бил убиен Џемаил Реџепи викан и командант Шипоња.
Според изјави на очевидци, врз Реџепи и уште две лица кои биле со него, било пукано од автоматско оружје од возило во движење.
Џемаил Реџепи е еден од кандидатите за претседател на огранокот на ДУИ во Куманово, но изборот одел бавно заради внатрепартиски несогласувања.
Инаку, во моментот на нападот врз Реџепи на маса со него седеле и Шефки Реџепи и Гани Демири, кои биле ранети.
OhridNews
Извор:„Макфакс“