Околу 9.40 минути на македонското небо започна затемнувањето на сонцето, природен феномен предизвикан од поклопување на месечината и нашата ѕвезда. Затемнувањето во Македонија ќе биде делумно, околу 43 проценти, додека во северните делови од континентот тоа ќе биде целосно.

Максимумот на затемнувањето во Македонија ќе биде околу 10.45, а ќе заврши неколку минути пред пладне.

Затемнувањето се препорачува да се гледа со специјални очила наменети за тоа или со маски за заварување со заштитен фактор повисок од 13. 

Следното делумно затемнување што ќе може да се види кај нас се очекува на 21 јуни 2020 година, додека следното целосно затемнување на сонцето ќе се случи во 20126 година.

OhridNews