Караорман минимално со 1:0 го совлада Охрид во дерби средбата од 23 коло од Втората лига. Стружани со тоа се реваншираа за поразот во есенскиот дел од првенството кога славеше Охрид, исто така со 1:0.
Се играше тврдо и борбено, без многу изгледни шанси за гол. Една од ретките во победа успеа за домашниот тим успеа да ја претвори Ќелешоски.
Традиционално, Езерското Дерби донесе жесток натревар на трибините помеѓу домашните поддржувачи Паткари и гостинските Рибари кои и овој пат беа уникатни.
Охридските „Рибари“ на гостувањето во Струга пристигнаа со брод и катамарани и приредија навивачко шоу за паметење на Охридското Езеро.
Фото галерија:
Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски