Едно лице е убиено во оружен напад кој се случи попладнево во Струга.
–Околу 13.20 ч. на ул. „Маркс и Енгелс“ во Струга пукано е врз жител на Струга роден 1973 година. Кон него е пукано од возило во движење марка „Голф“.-изјави за OhridNews портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Неофицијално, убиениот е Заменик директор на Управата за јавни приходи na Република Македонија, Аргетим Асани. Тој со тешки повреди бил пренесен во Општата Болница во Струга, каде била констатирана смрт.
Иако Асани се сметаше за човек кој важи за близок на владејачката ДУИ, од партијата денеска изјавија дека убиениот не е нивни функционер, ниту нејзин член. Посочуваат дека тој на функцијата заменик директор на УЈП бил поставен по предлог на коалиционен партнер. Од ДУИ го осудуваат инцидентот, но велат дека не станува збор за внатре партиско препукување и дека случајот кој треба да го расчистат надлежните има криминална позадина.
Се очекува полицијата во текот а денот да соопшти повеќе детали за немилиот настан кој се случи во шпицот на туристичката сезона во Струга.
OhridNews