Објект кој служел како магацин во поранешното феријално одморалиште во населбата Далјан, изгоре целосно во пожар што избил попладнево.

Благодарение на брзата интервенција на професионалната противпожарна единица од Охрид, спречено е проширување на пожарот кон соседните објекти. Комплексот во моментов не работи, а според првичните информации од истрагата, пожарот бил подметнат.

-Се работи за намерно предизвикан пожар, бидејќи магицините тука не работат вон сезона. Интервениравме со три противпожарни возила и седуммина пожарникари. За кратко време пожарот е локализиран. Во моментов немаме дополнителни сознанија, кога ќе почнеме со расчистувањето ќе видиме, но мислам дека нема да има жртви, бидејќи засега не забележавме ништо. – изјави Мирче Спироски, командир на одделение при ТППЕ Охрид.

Додека траеше интервенцијата на пожарникарите, сопствениците на летни риквизити складирани на овој простор и во ближните објкти, ги пренесуваа на безбедно место.

Во пожарот е предизвикана поголема материјална штета, чија висина допрва ќе утврдува.  

OhridNews

Видео: Акцијата за гаснење на пожарот во Далјан