На небото над Македонија вечерва може да се види најсјајната Супер месечина во последните 68 години. Последен пат месечината била голема и сјајна како вечерва во 1948 година.

Месечината вечерва е најблиску до Земјата во последните речиси седум децении и ќе предизвика поголема плима. Научниците велат дека доколку сакате да ја видите „Супермесечината“ во полна сила, треба да ја побарата веднаш по нејзиното појавување или пред заоѓање, кога е поблиску до хоризонтот. 

До крајот на годината ќе има уште една Супер месечина, на 14-ти декември.

OhridNews