Ноебично топлото време за овој период од годината, е вистински „мамец“ за спортските риболовци, кои слободното време и во работните денови го користат за рекреација во каналот Студенчишта.
Рибарите кои ги затекнавме во каналот, велат дека спортскиот риболов ги релаксира од секојдневните обврски.
Охридските риболовци објаснуваат дека во каналот деновиве повеќе гризе грунецот и писата.
Дозволите за спортски риболов ги издава концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“.
OhridNews