Снегот колку и да предизвикува одредени проблеми и непријатности во секојдневното живеење, носи бескрајна радост на најмладите и сите оние кои се чувствуваат така. На лединките на блиските планини околу Охрид деновиве врие од луѓе кои уживаат во санкање и зимските убавини.
Во Охрид снежната покривка е над 30 сантиметри, а нови врнежи има и претпладнево. Според прогнозата, за време на викендот се очекува стабилизирање на времето со ниски температури, а нови врнежи од снег, но со послаб интензитет, се очекуваат во понеделник.
OhridNews