Градскиот кошаркарски клуб Охрид следната сезона ќе игра во Првата машка кошаркарска лига.
Во мајсторката што се одигра попладнево во салата „Билјанини извори“ Охрид славеше над Соколи 1933 од Штип со 64:55 во полуфиналната серија и обезбеди пласман во финалето, што пак, значи дека Охрид во сезоната 2022/23 ќе биде дел од кошаркарската елита во Македонија.
Охрид беше поквалитетн противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено стигна до големиот успех.
гВлезот во Првата лига кошаркарите на Охрид го прославија во соблекувалните со култната „Лихнида“
Претходно во Првата лига настапуваа уште два охридски клуба, АВ Охрид и Амак СП кој, своевремено го освои и Купот на Македонија. Со пласманот во најквалитетната лига, охриѓани ќе имаат можност да ги следат дуелите на најдобрите македонски кошаркарски тимови.
Во финалето за трофејот на Втората кошаркарска лига ГКК Охрид ќе се сретне со Вардар кој беше поуспешен од Ангели со 2:0.
Големо славје на кошаркарите на Охрид
Г.М.
Фото: Digital Box