Во пожар што попладнево избувна на плажа во центарот на Струга, целосно изгоре хангарот на Едриличарскиот клуб од Струга.
На местото на настанот интервенира Професионалната противпожарна единица од Струга со две возила и 13 пожарникари.
Пожарот е локализиран и сега работиме на целосно елиминирање. Повредени нема, но предизвикана е огромна материјална штета. – изјавија за OhridNews од Противпожарната единица Струга.
Според првичните информации во пожарот изгореа триесеттина едрилици, неколку чамци и мотори, како и документацијата на клубот.
OhridNews