Охридската навивачка група „Рибари“ на големо се подготвува за јубилејниот 25 роденден, кој ќе прослави на ракометниот меч меѓу Охрид и Прилеп во рамките од Супер лигата.
Подготовките течат бескпрекорно, тие се одвиваат во спортската сала во Велгошти и во „Билјанини Извори“ иако нема електрична енергија во салата.
– Не ни пречи ништо се подготвуваме полека и до сабота ќе завршиме се. Тоа ќе биде невиден спектакл до сега во Охрид, а се ќе биде во знакот на сино-белата боја – рекоа „Рибарите“.
Собирното место на сите генерации навивачи на Охрид кои ќе се обединат по повод 25от роденден на Рибари е во16 часот на плоштадот кај стариот Чинар, во сабота, од каде организирано ќе се упатат кон спортска арена „Билјанини Извори“ на натпреварот кој го играат охридските ракометари.
Рибари во сабота слават јубилеј
Мх.П.