Со организиаран превоз и автомобили, 2400 членови и симпaтизери на владејачката партија од Охрид, попладнево заминаа за Скопје, каде ќе присуствуваат на најавениот голем народен митинг што вечерва го организира ВМРО ДПМНЕ.
За превоз на поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ aнгажирани биле 25 автобуси, 5 минибуси и 30 комбиња, а во партискиот караван од Охрид има и околу 130 автомобили, ионформираа од ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
На митингот што ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија ќе учествуваат подржувачи на ВМРО ДПМНЕ и на коалиционите партнери од целата држава.
OhridNews