21.55 Почина еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа помеѓу мотор и автомобил што денеска околу 15 часот се случи на патот Охрид – Св. Наум кај Лагадин. Информацијаста за OhridNews ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Како што соопшти СВР Охрид во несреќата учествувале патничко возило и моторцикл со охридски регистарски таблички. Од засега неутврдени причини дошло до директен судир при што тешко настрадале возачот и сопатник на моторциклот. Двајцата биле пренесени во охридската општа болница, каде по неколку часа на повредите им подлегнал сопатникот на моторциклот роден 1995 година, додека возачот по укажаната помош со тешки телесни повреди е упатен на скопските клиники.
На местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата и извесен период сообраќајот на овој патен правец беше затворен.
OhridNews