Во присуство на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, денеска на Плаошник беше осветена новата митрополитска резиденција на Дебарско – кичевската епархија.
По тој повод утрово во манастирот св.Климент и Пантелејмон – Плаошник се служеше архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополитите г.Тимотеј и г.Агатангел и Епископот г.Партениј.
Инаку, резиденција на Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, до сега беше вилата „Лепа“ на Плаошник, која беше опфатена со процесот на денационализација, на барање на наследниците на семејството што некогаш го поседувало овој атрактивен имот.
OhridNews