Охриѓанецот Филип Василески – Четкар, го освои 6962 метри високиот врв Аконкагва на Андите. Тој на највисокиот врв на Јужната хемисфера стапна на 7-ми февруари.
Филип Василески – Четкар го освои највисокиот врв на Јужната хемисфера
Филип на Аконкагва се искачи заедно со својот братучед Стефан Стојановиќ од Белград, Србија. Мисијата која тие самостојно ја реализираа, траеше две недели.
Највисокиот врв на Андите – Аконкагва
Четкар претходно имаше еден обид да ја освои Аконкагва заедно со планинарот Мишко Танески, кој не го крие задоволството од успехот на неговиот колега.
-Аконкагва е врв кој бара максимална подготвеност и концентрација, а Филип со овој подвиг потврди дека е подготвен за ваков сериозен предизвик.- рече Танески.
Филип Василески – Четкар
Филип Василески – Четкар моментално се наоѓа во подножјето на највисоката планина во Јужна Америка во местото Пенитиентес во Аргентина, од каде наскоро треба да тргне за Македонија.
Г.М.