Познати лица од јавниот живот и граѓани на Охрид учествуваа на спортскиот хуманитарен настан, кој, денеска, се одржа во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ за поддршка на Јане Велковски и децата со ретки болести. Настанот што организациски го поддржаа локалната самоуправа, ЈП „Билјанини извори“, активистите Гордана Лолеска од „Живот со предизвици“, Ивана Маховска и Влатко Стојкоски, „Супер радио“, со помош на хотел „Нова Ривиера“, лајонс клубот „Лихнидос“, Фудбалската школа Топ Тим Охрид, женскиот ракометен клуб Лихнид, ракометните ветеранки од Охрид и други, како и бројни хумани ентузијасти од нашиот град.
фото: „Мега продукција“
Приказната на Јане Велковски кој боледува од спинална мускулна атрофија не ги остави рамнодушни охриѓани кои се сплотија и му дадоа силен ветар во грб на Јане и на децата со ретки болести.
8-годишниот Јане со капитенската лента на раката и стабилно пред голот го предводеше својот тим до победа и титула во турнирот во фудбал, додека во ракомет без победник заврши средбата помеѓу ЖРК Лихнид и ветеранките од Охрид.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го вклучи Јане Велковски во кампањата „Еднаква игра“, а Пол Погба ќе му биде специјален домаќин на Јане на еден од натпреварите на Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампиони.
Медиумски спортско хуманитарниот настан го поддржа интернет порталот OhridNews во соработка со Мега Продукција која вршеше пренос од настанот.
Фото-галерија:
(LIVE STREAM): Охрид ќе игра фудбал и ракомет со Јане
OhridNews
фото: „Мега продукција“