Во организација на Федерацијата за училишен спорт во соработка со Агенцијата за млади и Спорт и Министерството за образование и наука, викендов во во Охрид, во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, се одржуваат спортски игри за ученици со посебни способности  од основните и средни училишта.

Учениците на терените на средното економско училиште во Охрид се натпреваруваат во тробој (трчање на 10 и 50 метри и скок во далечина од место), мини баскет 3х3 и мал фудбал, додека натреварот во пинг понг се одржува во Студентскиот дом „Никола Карев“, каде сместени учесниците.

На натпреварот кој логистички е потпомогнат од Сојузот за училишен спорт во град Охрид, учествуваат натпреварувачи од три средни и 15 основни училишта во земјава, меѓу кои и ОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид.

Г.М.