Одржана III-та Меѓународна едриличарска регата „International Ohrid Sailing Regatta” во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг”- Охрид, а со поддршка на Едриличарската Федерација на Македонија, Општина Охрид и Агенцијата за спорт и млади.

Натпреварите се одвиваа во три категории и тоа класите „Оптимист“, „ILCA 4“ и „класата 470“ на регатното поле на потегот меѓу Градското пристаниште, Канео и Горица 1.

Пласманот по класи е следен:

Класа „Оптимист“

Генерален севкупен пласман, машки севкупен пласман и машки под 12 години
1. Антони Зајац – Гдањски клуб Жегларски, Полска
2. Камил Роман – Гдањски клуб Жегларски, Полска
3. Петар Петров – Централен Софиски Јахт клуб, Бугарија

Женски севкупен пласман
1. Андреа Чуркоска – ЕК Снегар, Струга, Македонија
2. Анѓела Дракулиќ – ЈК Палиќ, Србија
3. Александра Пупек -Гдањски клуб Жегларски, Полска

Жени под 12 години
1. Мила Булатовиќ – Акватика Јахтинг, Охрид, Македонија
2. Гала Булатовиќ – Акватика Јахтинг, Охрид, Македонија
3. Сара Милеска – ЕК Снегар Струга, Македонија

Класа „ILCA 4“

1. Мерт Љушо – ЕК Снегар Струга Македонија
2. Берталан Молнар – ЈК Палиќ, Србија
3. Георги Петров – Централен Софиски Јахт клуб, Бугарија

„Класа 470“

1. Милош Илиќ/Драган Илиќ – Бродарски клуб Металац, Смедерево, Србија
2. Данило Бешиќ/Никола Павиќ – Бродарски клуб Металац, Смедерево, Србија
3. Славчо Мургоски/Матеј Симоноски – Акватика Јахтинг, Охрид, Македонија.

Одржана III-та Меѓународна едриличарска регата

OhridNews