Три возила изгореа во пожар, што се случил ноќеска околу 1 часот кај поранешниот полигон за мали спортови. На местото на настанот интервенирала противпожарна служба која го локализирала пожарот.
Портпаролот на СВР Охрид информира дека опожарени биле возило „Опел Вектра“, „Цитроен Ксара“ и „Опел Мерива“, сите со охридски регистарски ознаки од кои, целосно оштетени се првите две, а делумно, третиот патнички автомобил.
Утрово е извршен увид предводен од Јавен обвинител, пришто констатирано е дека причина за опожарувањето е неисправна инсталација на едно од возилата, по што, со пожарот биле зафатени и соседните паркирани патнички возила.
OhridNews