Автобус на ”Галеб” попладнево се излизга на регионалниот пат Охрид – Св. Наум кај Елешец. Во незгодата нема повредени.
Од ”Галеб” за OhridNews ја потврдија информацијата. Велат дека причина за незгодата бил лизгавиот коловоз на кој имало истечено нафта.
-Им се извинуваме на нашите ценети патници за непријатноста. Безбедноста на патниците е приоритет на ”Галеб”, но за жал лошите услови на патот и истечената нафта предизвикаа незгода во која за среќа нема повредени.-изјавија од компанијата.
Непосредно по незгодата, излизганиот автобус на „Галеб“ беше извлечен, а сообраќајот на патниот правец Охрид – Св. Наум нормализиоран. На коловозот каде била излеана нафтата која ја предизвикала незгодата истурена е поголема количина песок, а на возачите им се препорачува внимателно возење на овој дел од патот.
OhridNews