Околу 300 муслимански верници од Охрид беа дел од Ифтарската вечера на отворено која се одржа вечерва на плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.

Вечерата за верниците ја организира градоначалникот Никола Бакрачески. Покрај градоначалникот, на вечерата присуствуваа и директорите на општинските јавни претпријатија и советници во Советот на општина Охрид.

Според организаторите, ифтарската вечера во старата охридска чаршија е пример за соживот кој треба да се почитува и да се следи и во иднина.

Првата ифтарска вечера на отворено се одржа минатата година под покровителство на градоначалникот  Бакрачески и општина Охрид.

Инаку оваа седмица завршува Рамазанскиот пост, а муслиманските верници ќе го прослават големиот празник Рамазан Бајрам во петок на 17-ти јули.

OhridNews