Голем број граѓани се собраа попладнево на градскиот на централниот плоштад во Охрид за да изразат поддшка и почит за македонската полиција, по кумановската акција во која во борба со терористи загинаа осум припадници на специјалните единици, а 37 беа повредени.
На собирот, кој беше организиран преку социјалните мрежи присуствуваа граѓани од сите генерации, а можеа да се забележат и носители на јавни функции, претставници на локалната самоуправа и на владејачката ВМРО ДПМНЕ. На собирот беше присутен и Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
–Ова е акција на Граѓанското движење за Македонија, со која масовно ќе одадеме почит за се она што направи полицајците во премсетката што се случи во Куманово кога несебично ја бранеа државата и ги положија своите животи за нашата слобода, рече Владо Устијаноски.
– Пораката од овој мировен марш е да изразиме благодарност, почит и сочувство до семејствата на загинатите полицајци – херои кои ги положија животите на браникот на слободата на Република Македонија. Тука сме денеска охриѓани заедно со цела Македонија со марш да им изразиме поддршка на херојските активности што ги направија припадниците на нашата полиција и истовремено да ги подржиме сите активности за зашттита на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија.-истакна Живка Цветковска.
-Овој марш е поддршка за семејствата на загинатите полицајци и сите припадници на безбедносните сили што ја бранат нашата држава, а воедно е и порака дека Македончето секогаш гинело од своите и затоа ја молам опозцијата длабоко да размисли за своите постапки.-рече Д-р Здравчко Чорбески.
Долгата колона граѓани од охридскиот плоштад со мирен марш се упати кон крстосницата помеѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Македонски Просветители“, каде што на сообраќаецот кој го регулираше сообраќајот му беше предадено знаме на Република Македонија, со што симболично беше изразена поддршката за полицијата.
Вакви собири за поддршка на полицијата истовремено се одржуваа во 23 македонски градови.
Фото галерија од мирниот марш во Охрид
Охриѓани им оддадоа почит и поддршка на припадниците на македонската полиција
OhridNews