Sky Corner

Од 22.12.2019 - 13:00 до 22.12.2019 - 17:00

Од неодамна ресторанот на хотелот „Скај Корнер“ има нов  амбиент кој плени со раскош и убавина.

Внимателно и модерно дизајниран да ги задоволи најпребирливите вкусови, освежениот ресторански простор во „Скај Корнер“ плени со топлина, која го надополнува уживањето.

Освен амбиентот, ново во „Скај Корнер“ е и ексклузивното француско мени, со специјалитети креирани од врвни мајстори на кујната. Понудата е збогатена и со „Неделен ручек“, кој веќе станува навика на охриѓани и е доказ дека и во време на брз и динамичен живот, традиционалните вредности, може да се негуваат на исклучително креативен начин.

Претстојниот викенд во „Скај Корнер“, сладокусците повторно ќе можат да уживаат во извонредно подготвен неделен ручек: Крем салата, мариниран црн домат, киселен зеленчук, Бистра зеленчукова супа, Свинска коленица со кисела зелка и Пита од јаболка.

Ваше е само на време да резервирате маса за неделниот ручек на 22 декември, најдоцна до петок, 20 декември.

 

OhridNews