Божидар Мирчевски од Пливачкиот клуб ВИП Работнички и Јана Костадиновска од Пливачкиот клуб Младост триумфираа на јубијелното 40-то издание на Илинденскиот пливачки маратон во Охрид.

Патеката од Горица до градското пристаниште долга 2,5 километри Мирчевски ја мина за 31 минута и 51 секунда додека Костадиновска на целта пристигна за точно 32 минути. На втората и третата позиција во машка конкуренција финишираа Давид и Петар Кралевски од ПК Куманово а во женска Лина Божиновска од Вардар и Калина Стојчевска.

Во конкуренцијата под 16 години со златни медали се закитија Симон Поповски од ПК Вардар 2018 односно Калина Стојановска од МКД. Дамјан Петровски од ПК Олимпик Битола со девет полни години беше најмладиот пливач кој успешно ја помина трката на популарниот „мал маратон“.

Илинденскиот куп се одржа во организација на ПК „Охридски бранови“, под покровителство на Советот на Општина Охрид, а со поддршка на компанијата „Костал – Македонија“, која редовно ги помага спортските настани во Охрид, меѓу кои и претстојниот Интернационален маратон на 10 километри што ќе се одржи на 10 август, како и други поддржувачи. На церемонијата на прогласување на победниците генералниот директор на „Костал – Македонија“ Виктор Мизо им додели признанија на најуспешните пливачи.

Резултати:

Машки над 16 години: 

1. Божидар Мирчески (ВИП Работнички)

2. Давид Кралевски (Куманово)

3. Петар Кралевски (Куманово)

Женски над 16 години: 

1. Јана Костадиновска (ПК Младост)

2. Лина Божиновска (ПК Вардар)

3. Калина Стојчевска (ПК Младост)

Машки под 16 години: 

1. Симон Поповски (Вардар 2018)

2. Јаков Велковски (ПВК Орион)

3. Борјан Давковски (МКД)

Женски под 16 години:

1. Калина Стојановска (МКД)

2. Ивана Неделковска (ПК Скопје)

3. Јована Неделковска (ПК Скопје)

OhridNews