21:30 По голема борба, Охрид загуби од Алкалоид во „Билјанини извори“. Гостите славеа 26:32, полувреме 14:14.

ГРК Охрид – РК Алкалоид 26:32. Фото : Анамарија Момироска

Охрид беше рамноправен противник во првиот дел, вој „гладијаторите“ имаа и водство, но на на полувреме сепак се отиде со нерешен резултат.

Во вториот дел се водеше голема битка. Ослабениот Охрид, кој поради повреди не можеше да смета на Даниел Андоновски и Боудрали, пружи достоен отпор, но Алкалоид кој имаше расположени голмани ги казни сите грешки и промашувања, го презеде водството и не го испушти до крај.

На табелата по некомплетното 4 коло води Вардар со 12 бода, пред Еурофарм Пелистер кој има исто толку бодови. Трет сега е Алкалоид со 8 бода, Тиквеш има 7, Е. Пелистер 2 е петти со 4 бода, Охрид шести со 3, Пролет има 2 бода, а Бутел на осмата позиција засега е на 1 бод.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Дејан Шешиќ со 6 гола, Дрогришки и Бојаниќ постигнаа по 5, Каракоч – 4, Цирар – 3, Тасески, Рустамов и новата аквизиција Вјештица по 1. Во листата на стрелци кај Алкалоид се запишаа 12 играчи, а најефикасен беше Костадин Петров со 5 гола.

До крај на плеј оф-от остануваат уште 10 кола.

Алкалоид го совлада ГРК Охрид во дербито на 4 коло од плеј офот

Г.М.
Фото: Анамарија Момироска