Екипата на Охрид го претрпе првиот пораз на домашен терен сезонава, откако изгуби од Еурофарм Работник со минимални 21-20 (13-11) во дерби средбата од 11-та рунда во Супер лигата.
„Фармацевтите“ го контролираа резултат во текот на целиот натпревар дозволувајќи му на „гладијаторите“ само едно водство (3-2) на почетокот од мечот.
Охрид, одигра солидно во одбрана, но нападот целосно потрфли правејќи безброј технички грешки и нереализирајќи чисти ситуација за погодок.
И покрај лошата партија во напад, ракометарите на Охрид во последните моменти од натпреварот имаа можност за реми, но прво не успеаја да го загрозат голот на противникот, а потоа ударот од девет го одбрани Градимир Чаневски.
Со овој триумф Еурофарм Работник комплетираше две победи над Охрид, откако славеше и на мечот во Битола со тесни 18-17.
„Гладијаторите“ во следната 12-та рунда гостуваат во Велес, а ќе се сретнат со ракометарите на Борец.
Р.К. Охрид: Стојановски, Трајкоски (16 одбрани/1 гол), Андоновски 2, Младеновски 4, Блажески 3, Новаковиќ, Спасовски, Јанев, Кобетиќ 4, Адамовиќ 1, Кежиќ 5, Трифуноски, Белевски.
Р.К. Еурофарм Работник: Арсиќ, Јованоски (1 одбрана), Чаневски (13 одбрани), Илиевски, Трајковски, Барос 8, Талевски, Чурлевски 1, Мојсоски 1, Мајнов 4, Петровски, Чутура 3, Караиванов, Ашраф 3, Клапал 1.
Фото: Емил Јовановиќ
Мх.П.