Ракометниот клуб Охрид на последната шеста позиција на табелата ќе го заврши третото учество во плејофот од рамките во Супер лигата.
„Гладијаторите“ на гостувањето во Битола кај составот на Еурофарм Работник изгубија со тесен резултат 28-26 (16-14) и го продолжија постот без победа во ракометната елита.
Последната шанса за прва победа и обелување на образот охридските ракометари ќе имаат во четврток на 31 мај на домашен терен против Пелистер.
За потсетување, Охрид минатата сезона заврши на третата позиција во плејофот и ја преставуваше Македонија во Купот на ЕХФ.
OhridNews