Едно лице го загуби животот, а неколку лица се повредени, во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 11 часот на стариот пат Охрид- Струга кај Подмоље, во која учествувало патничко моторно возило и мини – бус на „Галеб“.

Од СВР Охрид информираат дека сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Голф“ со струшки регистарски таблици кое се движело во правец од Струга према Охрид, преминало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со автобус на компанијата „Галеб“ што се движел во спротивниот правец. Од силината на ударот починала Ардие И. (26) која го управувала патничкото возило „Голф“. Во сообраќајната незгода со полесни повреди се здобиле неколку патници кои биле во автобусот.  

Во специјалната болница „Св. Еразмо“ и во општата болница во Охрид примени се возачот и повеќе патници од минибусот, сите се надвор од животна опасност. Дел од нив по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување, а  едно лице од превентивни причини било задржано во болница.

На местото на настанот извршен е увид од страна на истражните органи за да се утврдат причините за несреќата.

OhridNews