Еден полицаец е убиен, а уште едно лице е рането во оружен напад што претпладнево се случил во јужен Париз, јави CNN. Засега не е познато дали нападот е поврзан со вчерашниот терористички напад во Париз.

Во меѓувреме еден од осомничените за крвавиот напад на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“ во Париз, во кој беа убиени 12 лица, а 10 ранети, се предал на полицијата, која се уште трага по уште две лица, за кои што се смета дека директни извршители на терористичкиот напад.

NBC News повикувајќи се на разузнавачки информации, ноќеска објави дека еден од напаѓачите е мртов, а другите двајца се приведени, но оваа информација  не ја потврдија француските власти.

Наводно напаѓачите биле поврзани со јеменската терористичка мрежа, а еден од нив во 2008 година бил осуден за 18 месеци затвор поради помагање на ирачките бунтовници.

Терористичкиот напад на редакцијата на неделникот бил извршен во знак на одмазда поради објавување на карикатури со пророкот Мухамед. Масакрот во Париз предизвика жестоки реакции и протести во целиот свет. Во Париз вечерва се собраа милион луѓе кои протестираа против насилството. Протести во знак на поддршка на слободнатата мисла и солидарност со семејствата на жртвите од терористичкиот напад во Париз има ширѕм Европа.

OhridNews

Терористички напад во Париз, 11 луѓе убиени во редакција на сатиричен весник