Мерките за изолација не се почитуваат од страна на голем број граѓани, поради што Владата на седницата што ќе се одржи попладне ќе ги заостри прописите за заштита од коронавирусот. Ова денеска на пресконференција го најави министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче обзнани дека од денеска е во функција е и кол-центарот – 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел зголемување на капацитетот на телефонските линии, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање на брисеви во Поликлиниките во Јане Сандански и Чаир. Од идната седмица пациентите ќе може да се јават и кај матичните лекари за земање на материјал за испитување, доколку тоа е потребно.

Министерот Филипче истакна дека завршил тендерот за набавка на респиратори. Иако, како што рече, била постигната релативно добра цена од 16.000 евра по респиратор, ниту еден од економските оператори не можел да го испочитува барањето за итна испорака, поради што тендерот е поништен и набавката ќе и биде препуштена на Владата, да ја спроведе.

И сега состојбата со респираторни машини е добра. Имаме 120 респираторни машини, подготвени се капацитетите  и на Инфективната клиника и во болницата „8 Септември“, а светските искуства кажуваат дека само на 5% од пациентите им е потребна респираторна поддршка. – рече Филипче.

Во врска со лекот против маларија, кој наводно дава добри резултати во лекувањето на коронавирусот, монистерот Филипче истакна дека била контактирана фирмата застапник од која било побарано да и достави на земјата одредена количина од лекот, согласно бројот на заболени.

 

OhridNews