Две убиства и самоубиство ја потресе скопската населба Аеродром. На петтиот кат во зградата 44 , скопјанецот Игор Тасевски ги застрелал   сестрите, 34 годишната  Наташа  и 31-годишната Билјана , а потоа си го одзел животот. Убиецот дошол во станот на Наташа претпладнево, околу 11 часот . Хоророт започнал на влезната врата кога нејзината сестра Билјана му отворила на заедничкиот познаник. По расправијата која почнала во ходникот и од засега неразјаснети причини, Тасевски извадил пиштол и ја застрелал помладата Билјана. Веднаш потоа пукал  и во Наташа, а потоа се самоубил. Сето ова се случило пред очите на децата на Наташа, на возраст од седум и девет години .

Двете сестри и убиецот се од Скопје, но живеле на различни адреси. Кога полицијата пристигнала на местото на злостортсвото децата биле во шок. Постојано прашувале кога  ќе тргнат на одмор во Грција. Соседите кои го пријавиле случајот по полиција откако ги слушнале  истрели во нивниот влез, велат дека не ја знаат причината за убиствата, не ги познавале убиените, ниту пак го виделе убиецот.

Истргата покажала дека убиецот има досие во полициската евиденција. Во 2004 година бил пријавен за загрозување на безбедноста со опасно оружје во тепачка. Полицијата се уште трага и по таткото на двете деца.

OhridNews

извор Телма