Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на излезот од Охрид.

И покрај првичните информации дека се повредени четири лица, од СВР Охрид појаснуваат дека само две од лицата учествувале во сообраќајката, додека другите две лица биле во нивна придружба.

Во несреќата учествувале две патнички моторни возила. Повредени се две лица кои беа пренесени во болницата “Св. Еразмо” и констатирани им се лесни телесни повреди. Повредените се возачите на автомобилите, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Потврдува дека во незгодата учествувале возило опел со тетовски регистарски таблици и голф со охридски таблици.

 

Н.С.Ј