Знаме на Република Албанија претпладнево било истакнато на Самуиловата тврдина. Локалните жители забележале група млади како поставуваат  знаме на источната страна од тврдината. Случајот веднаш бил пријавен во полицијата која испратила екипа на местото на настанот. На ѕидините од Самуиловата тврдина сега нема знаме, а на јарболот пред неа се вее државното знаме.

Од СВР информираат дека знамето на Самуиловата тврдина било поставено од лица кои се претставиле како членови на фолклорна група и дека тоа за кратко време било тргнато.

  • Повикани се две лица во охридската Полициска станица и се работи на расчистување на случајот, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews