Кошаркарите на АВ Охрид во драматичен натпревар после дополнителните пет минути го совладаа битолски Пелистер 87-77 (22-21, 17-18, 17-20, 17-14, 14-4) во 16-та рунда од шампионатот и ги задржа шансите за пласман во плејофот во Првата лига.

Херој на охридските „сино-бели“ е новајлијата Фил Хенри кој со голема доза на среќа во последните мигови од регуларниот дел од мечот погоди за три поени, кои донесоа егал 73-73 и продолжение.


Трите поени на Хенри за продолжение.

„Галебите“ во продолжението носени од публиката во „Билјанини Извори“ го покажаа вистинското лице и стигна до победата која ги одржа во живот амбициите за пласман во плејофот. Претходно, гостинските кошаркари имаа водство 68-60, но домаќините не се откажаа и се бореа за секоја топка и наградата стигна во последните 60 секунди во кои ја надополнија негативата.

Што се однесува до останатиот дел натпреварот, водството до крајот на третиот период се менуваше, но никоја екипа немаше поголема предност од седум поени. Во решавачките десет минути притисок на плеќите од охриѓани си го направи своето, а гостинските кошаркари со поени ги искористуваат техничките грешки на домаќините. Сепак, охридските кошаркари најдоа начин и ги донесоа во колосек работите и стигнаа до победата.

„Галебите“ со скор 8-8 се зацврстија на средината од табелата, додека битолчани со 3-13 ќе продолжат да се борат за опстанок во елитата. Јунаковиќ (17п), Рос Кенет (15п), Зимич (15п) и Хенри (13п) во составот на АВ Охрид имаа двоцифрен учинок, додека во тимот на Пелистер брилираше Роберт Луис кој реализираше 32 кошеви.

OhridNews