Детскиот анимиран филм „Големата мечка“ („The great bear“), чија проекција требаше да започне од денес, се презакажува за на 14- ти и 15- ти август. Филмот за деца е во режија на Есбен Тофт Јакобсен.
Филмот ја раскажува приказната за Џонатан, кој вообичаено, својот одмор го поминува сам со неговиот дедо кој живее на работ на големата шума – населена со митски суштества. Но, овојпат ќе му се придружи неговата помала сестричка Софи, па Џонатан постојано ќе се обидува да ја избегне. Но, кога еднаш ќе успее во тоа, Софи ќе биде киднапирана од една 100-годишна џиновска мечка. Па затоа, Џонатан ќе мора да влезе во срцето на шумата и да се соочи со многу чудесни нешта – за да ја спаси својата сестричка.
Инаку во рамки на Ревијата на анимирани филмови за деца во Центарот за култура „Григор Прличев“на 18- ти, 19- ти и 20- ти август ќе биде прикажан филмот „Курт станува зол“ („Kurt turns Evil“) и на 25-ти, 26- ти и 27-ми август ќе биде прикажан филмот „Мумините и потрагата по кометата“(„Moomins and the Comet Shase“).
Проекциите ќе започнуваат во 20 часот. Влезниците за сите три анимирани филмови чинат 50 денари.
OhridNews