Десет мртви и 15 повредени, е досегашниот биланс од експлозијата која одекна во центарот на Истанбул, на плоштадот Султанахмет, покрај трамвајска станица во близина на Сината џамија и Аја Софија, во историското јадро на градот, потврдија градските власти.Инцидентот се случи во 10.20 часот по локално време на плоштадот Султанахмет. Според агенциите, полицијата смета дека се работи за напад на бомбаш самоубиец, но се уште не е потврдено.

Снимките кои стигаат од местто на настанот покажуваат безживотни тела расфрлани по плочникот.Амбулантни возила доаѓаат и заминуваат пренесувајќи жртви по истанбулските болници.Туристичката зона е полна со полицајци и забранета за поминување.Двајца повредени се пренесени во Хасеки болницата.Истрагата се уште трае.

 

OhridNews
извор Макфакс