Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на полумаратонот што се одржа денеска низ улиците на Охрид, во рамки на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Ивановски патеката од 21 километар ја мина за 1 час 11 минути и 18 секунди.

Репрезентативецот на Македонија и Балкански шампион, триумфираше на Охрид трчаТ и минатата година.

Втор на целта пристигна Тирон Мамуша од Албанија (1:15:54ч), а трет беше Муџаид Мислими од Македонија (1:16:39ч.).

Во женска конкуренција на 21 километар триумфираше Билшерин Сулејман од Бугарија со време 1.25.01 часа. Втора беше Билјана Кираџиева од АК Кирајџиев тренинг систем Србија со време 1:32:22 часа, а трета на целта пристигна Марина Домазетоска од Македонија со време 1:36:11. Охриѓанката Мери Шешо Најденовска беше петта со време 1:49:40 ч.

Наградниот фонд за победниците на 21К е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција, а тие добија и бисери од Филеви.

Во трката на 5 километри победи Михаил Вулковски од Бугарија со време 18:52 минути. Втор бече Жорит ван дер Рат од Холандија со време 19:18 м., а трет Атила Расим од Бугарија кој патеката од 5 километри ја истрча за 19:25 минути.

Во женска конкуренција победи Аделина Павлова од Бугарија со време 22:29 минути, пред Николина Милевска Велјановска од Македонија (24:02 м.) и Бојана Наумовска од Македонија (24:30 м.).

Во штафетната трка на 21 километар во машка конкуренција тримфираше АК Делта (1:24:19ч.), пред Битолски бавни тркачи (1:28:16ч.) и „Poetry Run“ (1:41:58ч.). Во женска конкуренција првото место го освои штафетата „Сакаме тартан во Битола“ (1:53:55ч.) пред „Ohrid running team girls“ (2:04:18ч.) и „BFIT1“ (2:08:38).

На седмото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ учествуваа близу 2000 тркачи од 28 земји.

Г.М.