Министерството за здравство, во согласност со Законот за здравствена заштита, донесе решение за назначување на д-р Катерина Димитрова за нов в.д. директор на Здравствен Дом Охрид, која ќе ја извршува функцијата до распишување оглас за назначување нов директор на здравствениот дом.
– Д-р Катерина Димитрова е специјалист-педијатар, избрана од редот на вработените и има триесет и три годишно искуство во оваа ЈЗУ, од кои повеќе од 10 години била раководител на работната единица за превентива на деца и младинци при Здравствен дом Охрид, а исто така има работно искуство и како доктор во Брза помош, рурален доктор, и во детски диспанзер во рамките на оваа здравствена установа, информираат од министерството за здравство.
По откривањето на извршената проневера во охридскиот Здравствен дом од страна на Финансиската полиција за што се теретат три лица, меѓу кои и екс директорот Митко Дабески кој е во бегство, установата речиси три недели функционираше без директор.
OhridNews