Четворица државјани на Македонија ги загубиле животите, а уште 12 се повредени во тешката сообраќајна несреќа што околу 18 часот денеска се случила во близина на Кавала Грција.

Несреќата ја потврди македонскиот конзулат во Грција.

Неофицијално загинатите биле по потекло од овој крај. Тие се враќале со комбе од свадба во Турција.
Грчката полиција работи на утврдување на околностите под кои се случила трагедијата.
OhridNews